БОКС – БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО

Македонскиот боксер Ален Рустемовски (до 57 кг) освои бронзен медал на Балканското првенство (БП), кое се одржува во бугарскиот град Албена. Рустемовски не успеал да направи уште еден чекор до големото финале, откако судиите на борбата против Украинецот Аидер Абдураиомов пресудиле во полза на противникот со 3-2, иако во рингот сликата изгледала сосема поинаку, велат информациите од македонскиот табор.
На БП ќе имаат настапи и Дион Лена (до 63,5 кг), Илхан Озмен (до 67 кг) и Арјан Исени (до 80 кг). Така, Лена ќе се сретне со Бугаринот Красимир Атанасов, Озмен со Молдавецот Валериу Гуџи, а Исени со Бугаринот Кристијан Николов, сите тројца во полуфинални борби. Г.И.