Украинската тенисерка Елина Свитолина го освои завршиот ВТА турнир во Сингапур.

Таа во финалето беше поуспешна од американската тенисерка Слоун Стивенс и ја совлада со 3:6, 6:2, 6:2 по сетови.

Со новоосвоените 1.500 бодови од утре 24-годишната украинска тенисерка ќе биде четврта на ВТА листата.