Фото: Пиксабеј

Сопствениците на кучиња секогаш имаат дилема дали е премногу топло за да ги изнесат своите миленици надвор во моменти кога температурите достигнуваат 40 степени. Ако сте решени да го шетате вашето куче за време на високите температури, прво проверете дали е безбедно, бидејќи неговите шепи лесно може да изгорат на жешкиот асфалт. Иако на кучињата им е важно да се движат и да бидат активни, сепак топлината може да им наштети. Кога е премногу топло за да го шетате кучето?
Експертите препорачуваат користење на таканаречениот тест од седум секунди пред да излезете надвор со вашето домашно милениче. Сè што е потребно е да ја ставите дланката на асфалтот и да ја држите седум секунди. Ако не можете да издржите и морате да ја тргнете дланката пред да поминат седумте секунди, тогаш јасно е дека за вашето куче е премногу жешко. Знаци дека шепите на вашето куче се изгорени: кучето куца или одбива да оди, ги лиже или џвака шепите, перничињата се со потемна боја отколку што биле претходно, недостига дел од влакната на шепата, има траги од изгореници на шепите. Ако забележите некој од овие знаци, треба да го однесете вашето куче на ветеринар.
Ветеринарен совет е да ги изнесувате кучињата рано наутро или кога ќе зајде сонцето и да не ги шетате на директна сончева светлина. Кога времето ќе стане екстремно топло, се топат и тротоарите, особено асфалтот. Затоа, кога го шетате вашето куче, само запомнете дека тоа нема чевли за да го заштитат. Иако нивните шепи се цврсти, жешките површини можат да ги изгорат. За да го заштитите вашето куче од топлината, избегнувајте и долги патувања со автомобил на жешкото сонце. Обезбедете му многу вода и сенка во текот на денот. Обрнете посебно внимание ако вашето куче тешко дише.