Животни
Иако неизмерно ги сакаме нашите миленици и се грижиме за нив како за нашите деца, понекогаш несвесно ги изложуваме на фатални ризици.
Премногу е вообичаено луѓето да му дозволат на своето куче да јаде сè што ќе падне на подот. Понекогаш на прошетките во паркот, игралиштето и воопшто во природата, сопствениците им дозволуваат на своите кучиња да пробаат сѐ што ќе им падне пред уста. Често се случува и домашните миленици да ги соберат најодвратните предмети надвор, па потоа многу е тешко да му ги извадите од устата. Многумина претпоставуваат дека кучето ќе плука што не му се допаѓа. Зошто е опасно?
Многу намирници што се користат во човечката исхрана не се добри за стомакот на кучето. Под ова не мислиме само на она што го користиме за приготвување на оброците, туку и на она што го фрламе во кантата за отпадоци. Многу работи лесно можат да предизвикаат опструкција на дебелото црево ако кучето не може да го врати она што го изело. Тука спаѓаат чорапи, тениски топчиња, врвки, врвки за чевли, долна облека, шноли, стегачи за коса… Острите предмети како што се стапчиња, сламки, коски и детски играчки се многу примамливи за кучињата, кои исто така ќе ги проголтаат ако им се укаже можност. Сепак, тие можат да му го дупнат или да му го раскинат дигестивниот тракт на вашето куче. Ова обично завршува со скапи итни операции, па дури и со смрт ако не стигнете навреме кај ветеринарот.
Што треба да направите?
– Откријте која храна од вашата исхрана никогаш не треба да му ја давате на вашето куче.
– Oтстранете го или спречете го миленичето да јаде растенија и предмети што би предизвикале здравствени проблеми.
– Не дозволувајте кучето по случаен избор да јаде и да гризе сè што гледа надвор: предмети, храна, коски од пилешко.
– Ако земе нешто што не треба, веднаш извадете му го од устата.