Здрава храна

Овошјето често се смета за здрава ужина, и тоа со добра причина. Толку многу видови овошје нудат низа целосно природни витамини, минерали, влакна и антиоксиданси, така што можете да имате корист и од хранливата содржина на овошјето и од неговата вкусност.
Авокадо: На авокадото му се зголемува популарноста и може да се види во сè, од кашести сокови до замрзнато авокадо. Сакам да го препорачувам за здравјето на срцето бидејќи јадењето храна богата со калиум како авокадото може да помогне да се намалат ефектите на натриумот, вели Ејми Горин, сопственичка на „Плант бејсд вит Ејми“.
Авокадото, се разбира, може да се исече на парчиња, да се премачка или да се пасира на тост, но исто така е одличен додаток на кремастите кашести сокови, преливи за салата и многу повеќе.
Јаболка: Не потценувајте го скромното јаболко! Јаболката се богати со влакна и корисни полифеноли, за кои истражувањата покажуваат дека можат да помогнат во намалување на холестеролот и одржување здраво срце.
Банани: Ако сте активна личност, Горин препорачува банани.
– Бананите се овошје со високо гликемиско ниво – вели таа.
Нивното природно совршено пакување ги прави лесни за јадење во движење, за деца и спортисти.
– Бананите со високата содржина на јаглехидрати обезбедуваат брз извор на енергија. Тие се исто така богати со калиум, за здравјето на срцето и алкалноста. Однесете ги во вежбалница или спакувајте ги на патување – додава таа.
Урми: Урмите се автохтоно овошје на Блискиот Исток, а сега се чести и во Северна и Централна Америка. Тие исто така се типичен дел од медитеранската исхрана. Високата содржина на влакна ви овозможува по неколку урми да се чувствувате сити долго време, што ги прави одлична закуска што содржи и калиум, калциум, магнезиум, селен и неколку минерали.
Јагоди: Јагодите се одличен извор на витамин Ц и обезбедуваат многу други витамини и минерали, а може дури и да помогнат во регулирањето на шеќерот во крвта. Тие се богати со вода и малку јаглехидрати, така што обезбедуваат голем нутритивен поттик за многу малку калории.