Храната што ја консумирате влијае на вашето тело. Кога температурата паѓа и студеното време настапува, на вашето тело давајте му ја храната што во зимскиот период ќе му дејствува како гориво и ќе го затоплува.

Во принцип, храната што се обработува подолго во организмот, е онаа вистинската што треба да ја јадете во зимскиот период. Всушност, станува збор за термогенеза, процес во кој вашето тело произведува топлина предизвикана од обработувањето на храната. Ќе наброиме неколку работи што треба да ги правите за да не ви биде студено во долгите зимски денови.

Јадете банани

Бананите имаат многу витамин Б и магнезиум, кои се важни за тироидните и адреналните жлезди да функционираат соодветно. Овие жлезди помагаат да се регулира температурата на телото. Бананите исто така го подобруваат расположението и покрај многуте здравствени придобивки, тие се одлични за меморијата.

Пијте чај од ѓумбир

Топол чај од ѓумбир може внатрешно да го затопли вашето тело. Ѓумбирот е познат по тоа што е одличен за дигестивното здравје и може да ја стимулира термогенезата. Со тоа ѓумбирот ќе ви помогне да ја одржите топлината подолго време. Секако, одржувањето топлина е само мал дел од придобивките од консумирањето чај од ѓумбир.

Почнете го денот со житна каша

Почнете го денот со топла овесна каша или со кој било друг вид житна каша. Житарките се одличен извор на влакна, кои, пак, го подобруваат нивото на холестерол и со тоа ви даваат чувство на ситост. Овесната каша е одлична и за здравјето на крвта, но освен тоа нуди цела низа здрави придобивки за вашето тело.

Кафето ќе ве стопли

Една од бенефициите од консумирањето кафе е кофеинот. Кофеинот го забрзува метаболизмот што, пак, влијае на зголемување на телесната температура. Технички, ладното кафе дури е подобро бидејќи во себе има повеќе кофеин. За кое кафе и да се одлучите, сепак бенефициите ќе ги добиете и ќе го затоплите вашето тело.

Консумирајте црвено месо

Црвеното месо како што се телешкото, јагнешкото или свинското се одличен извор на железо. Железото е многу важен минерал, кој помага во носењето кислород низ вашето тело. Луѓето со ниско ниво на железо имаат ладни раце и нозе и лесно се заморуваат. Јадењето црвено месо ќе ви даде и витамин Б12, кој е одличен за нервите и за силен имунитет.

Јадете сладок компир – батат

Бататот е еден од зеленчуците за кои е потребна повеќе енергија за да се обработи што, пак, значи дека ја зголемува телесната температура. Богат е со витамин А, витамин Ц и калиум, па поради изобилството со растителни влакна, тие го разубавуваат и вашиот оброк. Слаткиот компир е одличен и за здравјето на очите.

Вклучете тиква во вашата исхрана

Тиквата е одлична за консумирање на студено време. Таа изобилува со антиоксиданти, витамини, минерали и многубројни други нутриенти од кои вашето тело ќе има голема корист. Високото ниво на витамин Ц и калиум, ви помага да го подобрите вашиот имунолошки систем и да го одржувате организмот здрав, но и затоплен во студените есенски и зимски денови.

Пијте вода

Највообичаен начин да му помогнете на вашето тело да остане топло е да пиете вода. Водата му помага на вашиот организам да работи беспрекорно и да ја регулира надворешната температура. Дехидрацијата предизвикува опаѓање на телесната температура и може да предизвика хипотермија. Во зимскиот период луѓето пијат помалку вода бидејќи не се чувствуваат жедни. Сепак, иако е ладно, со вас секогаш носете едно шише вода за да ве потсети дека треба да се напиете.

Избегнувајте алкохол

Фактот дека ако се напиете вино или ракија ќе се затоплите во зимскиот период е целосна лага. Алкохолот ја намалува телесната температура, иако првично може да добиете чувство на загреаност. За да ви биде топло оваа зима, избегнувајте алкохол, особено доколку престојувате во надворешни услови.

[email protected]