Како што се очекуваше, „Плејстејшн 5“ ќе биде помоќен од „Плејстејшн 4“, со нови технологии за контролорот, графика и брзина. ПС5 ќе излезе во исто време со новата конзола на „Мајкрософт“, „Проект скарлет“

По неколкумесечните шпекулации, „Сони“ конечно потврди дека „Плејстејшн 5“ ќе биде пуштен во продажба на крајот на 2020 година. Џим Рајан, претседател и извршен директор на „Сони интерактив ентертејмент“, го објави соопштението преку официјалната страница на „Плејстејшн“.
– Бидејќи првично ја претставивме нашата конзола за следната генерација во април, знаеме дека има многу возбуда и интерес да слушнеме повеќе за тоа што ќе донесе иднината на игрите. Денес сум горд што можам да споделам дека нашата конзола од следната генерација ќе се вика „Плејстејшн 5“ и ќе ја лансираме на време за божиќните празници во 2020 година – изјави Џим Рајан.
„Плејстејшн 5“ ќе се појави во исто време со следната генерација на конзола за видеоигри на „Мајкрософт“, со кодно име „Проект скарлет“. „Мајкрософт“ го потврди датумот на издавање исто така за време на божиќните празници во 2020 година за „Проектот Скарлет“ уште во јуни.

„Сони“ веќе објави неколку детали за следната конзола на „Плејстејшн“. Блог-објавата на Рајан ги вклучи првите детали за контролорот на „Плејстејшн 5“, за кој наведе дека ќе се користи нова технологија. Контролорот ќе користи хаптички повратни информации наместо традиционалното „тресење“, дозволувајќи им на програмерите да програмираат почувствителни повратни информации. Ова е наменето за играчите да почувствуваат различни вибрации во својот контролор кога пукаат со пиштол или го држат тркалото на автомобилот. Контролорот „Плејстејшн 5“ исто така ќе има приспособливи предизвикувачи во двете предни долни копчиња, кои можат да се програмираат да имаат различно ниво на напнатост во зависност од вршењето на дејството во играта.

– Ќе може да се програмираат копчињата L2 и R2 на таков начин што ќе почувствувате тактилна сензација при влечење лак и стрела или при забрзување на теренско возило преку карпести терени – вели Рајан.

„Сони“ откри и други детали за новата конзола „Плејстејшн 5“. Со новата технологија, „Плејстејшн 5“ има драстично намалување на времето за вчитување за разлика од „Плејстејшн 4“. Ова е можно благодарение на новиот тврд диск, кој овозможува побрзо вчитување на игрите, што и на самото играње му дава подобро искуство. Како пример, Серни ја наведе играта „Спајдермен“, во која на „Плејстејшн 4“ се потребни 15 секунди за брз премин меѓу две локации, а сега тоа време ќе се намали на 0,8 секунди. Конзолата е исто така дизајнирана да може да произведува 8K графика и нова технологија за осветлување. „Плејстејшн 5“ ќе ја поддржи појавата на виртуелно осветлување наречена „Реј трејсинг“. Процесирачките чипови и графичките единица за обработка се од линиите „АМД рајзен“ и „Радеон нави ГПУ“. Ова значи дека „Плејстејшн 5“ ќе биде изграден од чипови што допрва треба да се појават на пазарот.

Друга значајна новина е 3Д звукот – ќе биде прва конзола што ќе поддржува фотореалистична графика. Името и цената на новата конзола засега не се објавени, исто како ни фотографии од новата конзола, ниту со кои игри ќе пристигне.