Нега и убавина
Додека некои жени ги кратат ноктите исклучиво со ножици, други го прават тоа со турпија за нокти. Јасно е дека за турпирање на целиот израснат нокт е потребно драгоцено време, тоа е долг процес, а вашите нокти нема да бидат поздрави или поубави поради тоа.
Затоа, можеби, сечењето на ноктите е подобар избор. Сепак, постои правило и за тоа, а се нарекува „90-10“ и сигурно никогаш не сте слушнале за него, а може да ви обезбеди убави и негувани нокти. Според правилото, 90 отсто од израснатиот нокт треба да се отсече, а преостанатите 10 отсто да се скратат и да се обликуваат со турпија.
Ова правило гарантирано ќе ви донесе поубави нокти, кои ќе изгледаат уредно и негувано.