Амандин Палез, креативна директорка во „Булгари парфјумс“, вели дека не постојат апсолутни правила кога станува збор за рокот на парфемот.

Според неа, животниот век на еден парфем во суштина зависи од супстанциите што ги содржи. Цитрусните, природните и лесните ноти имаат тенденција да испаруваат побрзо. Спротивно на тоа, ориенталните, дрвенестите, мошусните и килибарните ноти се задржуваат подолго.

Генерално, датумот е испишан на кутијата или на дното на шишето, па најдобро е да се водите според него – вели Палез.
Таа објасни дека и по мирисот може да знаеме кога на парфемот му истекол рокот на траење.

Парфемот со истечен рок има тенденција да оксидира и да се закиселува – вели таа.
Ако веќе не го препознавате мирисот поради кој сте го купиле тој парфем, време е да го фрлите. Друг важен индикатор е бојата, т.е. обично има жолтеникава нијанса. Кога ќе го забележите тоа, веднаш ослободете се од тоа шише. Експертите советуваат дека периодот во кој треба да го потрошите парфемот е обично три години.