Автор: Д-р Марина Цветаноска, специјалист по семејна медицина
Колоректален карцином е карцином кој го зафаќа колонот и ректумот. Особено се јавува во форма на аденокарцином и е причина за второ место за карцином во Македонија. Ризик е 1 од 20 пациенти и во 90% од случаевите, тоа се постари лица од 50 год.
Ризик фактори за негово појавување се:
Променливи – дебелината, алкохол, пушење, тип на исхрана, диети…
Непроменливи – старост, веќе присутни полипи, хронична инфламаторна цревна болест, фамилијарна историја на карцином илии полипи од аденоматозен тип, наследни синдроми на полипизи, дијабет, како и расна етничка припадност.
За таа цел, за да се открие карциномот во рана фаза, или клинички битни аденоми, и да се намали смртноста, се спроведува ПРЕВЕНЦИЈА.
Примарна превенција – советување за здрав живот и избегнување на ризик фактори (индивидуално или кампањски).
Секундарна скрининг програма која ги опфаќа целните групи.
Најверодостојна, засега неприкоснована а во некои земји и задолжителна метода е КОЛОНОСКОПИЈА.
Од 50 до 70 години, тоа се пациенти без симптоми и со вообичаен ризик.
Помлади лица од 50 години со позитивна фамилијарна анамнеза (роднини од прво колено).
Интересно е да се спомене дека кај овие пациенти пожелно е да се направи скрининг 10 години порано од вообичаено. Скрининг не се прави кај веќе иследувани пациенти со КРК, Кронова болест или улцерозен колитис, полипози уредно следени и направени колоноскопии во последните три години.
Терциерна превенција се прави кај веќе јавена болест, со цел будно следење на колоноскопиите, иследувања, лабораториски анализи, ехо, ртг. Целта е да нема рецидив.
Пациенти над 75 години, долгорочно следени само по специјални индикации.
Пациенти под 75 години, по попериран КРК, колоноскопија на 5 годишен интервал.
Кај поголеми вилозни аденоми над 1 сантиметри и кај инфламаторна болест на секои 3 години.
5 до 10 годишен интервал кај тубуларни аденоми помали од 1 сантиметри.
Само со навремена превенција ќе имаме подобар краен резултат. Превенцијата започнува во нашите амбуланти.