Илустрација / Фото: Пекселс

Автор: Д-р Бобан Блажевски, ПЗУ Кордис

Престојниот период на почеток на школска година како и новите почетоци во градинките со себе ќе донесат поголема фрекфенција на пациенти од помладата популација во амбулантите кај матичните лекари и педијатри. Присуството на вируси и бактерии помеѓу децата како и есенските настинки се неминовни. Самиот факт дека се престојува подолг временски период во затворен простор без заштитни маски, а знаејќи какви две години поминавме изолирани од секакви социјални контакти па така и контакти со патогени вируси и бактерии, многу е веројатно дека брзината на пренесување на вирусите и бактерии ќе биде екстремно висока како и нивната контагиозност. Исто така голема улога за зачестените горнореспиратони инфекции има има и големата концентрација на влага во воздухот и просториите, атмосферските загадувања. Во зимскиот период доаѓа до пад на имунитетот поради ниските надворешни температури а тоа станува подложно за нови респираторни инфекции.
Семејството на спрејови ни помагаат да се спротиставиме со сите дисбаланси кои ги зафаќаат носот и горните дишни патишта. Благодарение на солениот раствор т.е морската сол, изотоничните раствори, бејби спрејовите, како и хипертоничниот спреј за нос ние лекарите во општите амбуланти имаме можност успешно да се справуваме со различни нарушени здравствени состојби, од обични секреции, деконгестии па се до вирусни заболувања и воспаленија на горни дишни патишта. Спрејовите содржат морска вода извадена на длабочина од 22 метри во еколошките чисти подрачја на северните мориња.



Од самото раѓање на новороденчињата, поради анатомијата на нивните мали и тесни носни ходници, тие се соочуваат со потешкотии во дишењето, хрчкање во текот на ноќта, сувиот воздух дополнително придонесува за затнување на проодноста на носните ходници, па така третирањето со бејби спреј ни е полн погодок. Има посебен облик прилагоден за користење кај новороденчиња, составот е стерилен изотоничен раствор на морска вода без конзерванси, кој обезбедува стерилност и после повеќе кратна употреба. Неговата улога е нежно да ја исчисти и навлажни претходно сувата носна слузница и да спречи размножување на патогени во носот. Кај доенчињата исто така карактеристичен период е почетокот на дентицијата каде што кај повеќето пациенти е проследена со хиперсекреција на носот. Тука исто така можеме повеќе кратно во текот на денот да делуваме со марисимо бејби спреј за хигиена на носните ходници се додека не се смири хиперсекрецијата и додека не заврши дентицијата.
Кај поголемите дечиња кои веќе се склони на алергии има спреј кој по состав исто така е стерилен изотоничен раствор од морска вода и не содржи лек и конзерванс. Раствотот продира длабоко при плакнење на носната празнина и може да се применува кај бебиња со навршени 6 месеци, поголеми деца и возрасни. Дејствува така што ја разредува слузта и ги плаклне надворешните честички, како што се прав, полен и алергени. Помага и во одзатнување на носот и ја обновува природната функција на дишните патишта. Не создава зависност и може да се употребува заедно со други лекови. Се случува лицата што често страдаат од кивавица и од воспаление на синусите да откријат дека редовната употреба на овој спреј може да придонесе да ја намалат употребата на лекови.
Освен овие два препарати, во фамилијата на спрејови присутен е и хипертоничниот спреј за нос и тоа во два облика форте и екстра форте. Првиот наоѓа примена кај затнат нос каде што се избегнва долготрајно користење на хемиски лекови за деконгестија, а вториот наоѓа примена кај долготрајните запушувања на носните ходници кај хроничните ринитиси и синузитиси и е разблажен со 0,025% алое вера и 0,025% камилица.
Хипертоничниот раствор се одликува со единствена содржина на морска сол. Концентрацијата на сол во овој раствор соодвествува со соленитетот на морската вода. Бидејќи растворот е од хипертоничен тип, содржи повеќе сол во споредба со човековите физиолошки течности. Овој тип на раствор по примената врз отечената носна слузокожа брзо и ефикасно ја извлекува т.е дренира водената содржина, при што отокот на слузокожата брзо се намалува и дишењето се олеснува. Дренирањето настанува како резултат на осмотскиот ефект на хипертоничниот раствор. Наменет е за лица кај кои е отежната нормалната физиолошка функција на носната слузокожа. Хипертоничниот спреј брзо ги олеснува тегобите кај затнатиот нос, а притоа не постојат ограничувања во однос на долготрајноста на неговата примена, бидејќи не ја оштетува слузокожата на носната шуплина и не доцедува до појава на толеранција.
Хипертоничниот спреј има примена кај затнат нос, акутно воспаление на носната слузница, вирусни настинки, кивавици од алергиско потекло, хронични синузитиси, пре употреба на кортикотероидни назални лекови, за ублажување на последиците од долготрајна примена на капки за носи кои во себе содржат вазоконстриктори.
(Комерцијална објава)