Медицински совет

Празниците веќе се зад нас, а тоа значи дека секој од нас барем малку претерал со славењето, односно со обилното јадење и пиење, што му ја отежнува работата на црниот дроб, но и на органите за варење. Познатата нутриционистка Габриела Пикок објаснува за „Дејли мејл“ дека со воведувањето мали измени во секојдневната рутина ќе се чувствуваме многу подобро.
Таа направи список од пет навики.
Ништо на празен стомак: избегнувајте пиење кафе и чај на празен стомак. Секогаш правете го тоа со малку протеини.
Витамин Б: енергетските пијалаци заменете ги со витамин Б. Тоа е моќен суплемент и секогаш земајте го заедно со оброк.
Јадете на три часа: никогаш не чекајте да почувствувате глад, бидејќи тоа значи дека нивото на шеќерот во крвта е премногу ниско.
Здрава ужина: тоа не значи да грицкате бисквити, туку ужина фокусирана на протеини, со што нивото на шеќер во крвта ќе биде стабилно. Тоа може да биде тврдо варено јајце, ладно варено или печено месо, ореви и разни семки или протеинска плочка.
Вежбање: кога вежбаме ослободуваме ендорфини, серотонин и допамин, а тоа му дава поттик на телото. Вежбањето ќе ви го подобри сонот и ќе ви обезбеди позитивна енергија во текот на денот.