Медицински совет

Дебелите луѓе се соочуваат со зголемен ризик да добијат рак, дури и кога изгледаат медицински здрави, се вели во новото истражување. Нормалниот крвен притисок, нивото на холестерол и шеќер во крвта не биле гаранција за оние што имале прекумерна тежина, пренесува „Д сан“. Истражувачите од Лундскиот универзитет во Шведска открија дека дебелите луѓе се соочуваат со зголемен ризик да добијат рак.
– Наодите се дополнителен доказ против идејата дека луѓето можат да бидат дебели, но во форма – велат експертите.
Истражувачите ги проучувале здравствените податоци на речиси 800.000 Европејци. Откриле дека најзагрозени се дебелите луѓе со „метаболички компликации“.
– Значаен број случаи на рак потенцијално би можеле да се спречат со насочување кон коегзистенција на метаболички проблеми и дебелина – вели авторот на студијата, д-р Минг Сан.
Истражувачите велат дека метаболички здрави мажи со дебелина имале 67 отсто поголем ризик од рак на бубрезите и 42 отсто поголем ризик од рак на дебелото црево. Меѓутоа, поврзаноста со ракот на панкреасот и ракот на ректумот повеќе не била статистички значајна.
Прекумерната тежина, но не и дебелината, го зголемува ризикот од рак на крвта мултипен миелом за 50 проценти. Сепак, изненадувачки, ниту метаболички здравите ниту нездравите мажи со дебелина не беа повеќе склони од врсниците со нормална тежина.