Медицински совет
Ако се прашувате како да ја надминете алергијата на полен, почнете од чинијата, односно од исхраната. Како да се надмине алергијата на полен? Алергиите станаа толку раширени што претпоставуваме дека се нормални. Но не се. Зошто алергиите се толку чести? Во последните неколку децении сме подложени на зголемување на изворите на токсини што драстично го оптоварува нашиот црн дроб и влијае на зголемувањето на бројот на луѓе алергични на полен. Не е лесно да се справите со: пестицидите, хербицидите, фунгицидите, адитивите, конзервансите и многубројните други хемикалии што ги има во изобилство во производите за убавина и домаќинството. Овие токсини го бомбардираат имунолошкиот систем, па не е изненадувачки што имунолошкиот одговор толку лесно се активира од природни супстанции како што се полен, првут или прав.
Елиминирањето на храната што предизвикува воспаление (млеко, шеќер, бело брашно, индустриски преработена храна) влијае како еден вид „копче за ресетирање“. Детоксикацијата на црниот дроб и елиминациската диета одат рака под рака за да се намали воспалението и да се смири имунолошкиот одговор. Друг начин за поддршка на црниот дроб и процесот на детоксикација на телото е да консумирате горчливо овошје, зеленчук и билки. Артичоката и глуварчето се добри за црниот дроб. Тие ги стимулираат лачењето на жолчката и чистењето на црниот дроб. Доколку имате алергија на полен, ќе ви треба храна богата со витамин Ц, кој помага да се намалат воспалението и нивото на хистамин. Иако цитрусното овошје е богато со витамин Ц, тоа може да ги влоши алергиите кај некои луѓе бидејќи може да предизвика ослободување хистамин. Консумирајте исхрана богата со каротеноиди: темнозелен лиснат и жолт/портокалов зеленчук. Каротеноидите го поддржуваат здравјето на дишните патишта и се богати со антиоксиданси и антиинфламаторни соединенија. Тука е и храната богата со омега-3 масни киселини: најмногу ги има во рибата, јајцата и семките од лен. Омега-3 помага да се намали воспалението и да се ублажат симптомите на алергии на полен (особено алергиската астма).