Медицински совет

Постојат многу симптоми што укажуваат на дијабетес, како често мокрење, замор, невообичаени промени на кожата и разни габични инфекции. Меѓутоа, експертите тврдат дека постојат и други симптоми што укажуваат на тоа дека имате дијабетес, а тие се во вашата уста.
Дијабетесот тип 2 е сѐ почеста болест во светот, а поврзана е со различни фактори, како прекумерна тежина и недостиг од физичка активност. Затоа, не е лошо да ги проверите симптомите што укажуваат на тоа дали боледувате од дијабетес, за навреме да започнете со лекување.
– Дијабетесот е медицинска состојба во која телото не е во состојба да го контролира нивото на шеќер во крвта. Високиот шеќер во крвта може да резултира со зголемување на шеќерот во вашата плунка, што може да ги оштети забите и непцата – објасни стоматологот Аманда Шијан.
Симптомите што ги спомнува овој стоматолог се: црвени отечени непца што повремено крвават, непца што се оттргнуваат од забите, заби што се нишаат, сува уста и лош здив што останува дури и по миењето. Болеста на непцата, позната и како гингивитис, е најчестиот орален здравствен проблем поврзан со дијабетесот. Шијан наведува дека гингивитисот се развива кога на забите во близината на линијата на непцата се акумулираат плак и забен камен, што ги иритира и ги воспалува непцата. Луѓето што живеат со оваа дијагноза имаат трипати поголеми шанси да имаат проблеми со непцата и забите. Меѓутоа, доколку реагирате навреме, можно е да се зачува оралното здравје.