Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распишува конкурс за најдобра песна, расказ, есеј и драмски текст на темата „Липа“ за манифестацијата „Празник на липите“. На конкурсот може да учествуваат сите членови на ДПМ, а изборот за најдобра песна, расказ, есеј и драмски текст ќе го врши тричлена комисија. Притоа ќе биде доделена една награда за најдобрата песна, расказ, есеј или драмски текст на темата „Липа“.
Песната, расказот, есејот или драмскиот текст треба да се испратат во четири примероци до Друштво на писателите на Македонија до 31 мај. Манифестацијата „Празник на липите“ ќе се одржи во првата половина на јуни, а точниот датум ќе биде дополнително објавен.