Медицински совет
Еден симптом особено говори за зголемен кортизол, хормонот на стрес во телото, а на прв поглед не е поврзан со него. Хормонот на стрес кортизол е многу важен во телото бидејќи регулира како телото реагира на стресни ситуации. Затоа тој е познат како хормон на стресот, а кога е надвор од рамнотежа можни се многу несакани последици. Една од нив е сосема неочекувана и непријатна – појава на влакна на брадата кај жените.
Поточно, кога станува збор за нерамнотежа на хормоните станува збор за т.н. Кушингов синдром, кој можеби не е толку чест како синдромот на полицистични јајници, но жените имаат трипати поголема веројатност да го развијат. Тоа е синдром што предизвикува високо ниво на хормонот кортизол. Симптомите најчесто се влакна на лицето, најмногу на брадата, но можни знаци се и зголемување на телесната тежина, стрии, модринки што лесно се појавуваат на кожата, слабост на мускулите или на коските.
Може да се појави и како несакан ефект од земање одредени лекови или поретко поради тумори, но и од други причини. Многу е важно да се консултирате со специјалист доколку се сомневате дека имате проблем со хормоните или воопшто имате некакви тешкотии, бидејќи колку побрзо ги добиете вистинската дијагноза и третман, толку побрзо ќе го решите проблемот и ќе спречите компликации.