Медицински совет
Голем број луѓе денот го почнуваат со филџан кафе, а на истиот начин ја одржуваат енергијата неколкупати во денот. Кофеинот помага кај концентрацијата, физичките перформанси и ја зголемува енергијата, но има и некои негативни својства. Откриваме колку кафиња на ден смеете да се напиете и како да го правите тоа на здрав начин.
Киселината е прва на списокот на негативните појави по пиењето кафе. Освен тоа, некои истражувања покажале дека преголеми количества испиено кафе довеле до синдромот иритабилно црево. Освен тоа, голем број напитоци со кафе содржат: шеќер, кајмак, разни сирупи што даваат вкус, а тоа може да доведе до нерамнотежа кај бактериите во цревата.
Редовната консумација шеќер може да доведе до дијабетес, срцеви и автономни заболувања. Затоа се поставува прашањето дали треба кафето да се избегнува или може да се пие на здрав начин што нема да ни штети.
Истражувањата покажаа дека пониските дози кофеин може да имаат позитивно влијание на здравјето, ако се консумираат во правилни интервали. Подобро е да се пие 200 милиграми кофеин во период од шест часа отколку да се испијат сите 200 милиграми само за еден час.