Во периодот на бременоста кај жената доаѓа до намалување на одбрамбените механизми на телото поради хранење на плодот и на тој начин имунолошкиот систем е послаб, при што бремените жени многу често се склони кон настинка. Доколку настинката е пропратена со кашлица и растечен нос, со соодветен одмор, земање на витамини и пиење на топли напивки состојбата ќе се подобри побрзо. Но, доколку е вироза проследена со висока температура, болка во мускули и главоболка, потребно е да се посети лекар.
Бремените жени треба да се особено внимателни со употребата на лекови, па наместо да земат таблета може грлото да го испираат со чај од жалфија неколку пати во текот на денот, а дополнително може да користат и спреј со морска вода за испирање на носот.
Совети кои ке би помогнат за да се подобри состојбата е да одмараат повеќе, да пијат многу вода, по потреба да се инхалираат со солен раствор, да имаат вклучено овошје и зеленчук во исхраната и дополнително да внесуваат Ц витамин.
Овошје или зеленчук во кое може да се најде најголема концентрација на витаминот Ц е:
– Лимонот. кој обезбедува дури 83 милиграми на Ц витамин односно 92% од дневните потреби. Исто така делува и како антиоксиданс во телото и го подобрува имунитетот.
– Брокулата исто така е богата со витамин Ц за подобар имунитет и има улога во намалување на ризикот на срцеви заболувања.
– Пиперка која има 3 пати повеќе Ц витамин од портокалот
– Зелка, компир, киви итн.
Прошетката и излегувањето на чист воздух исто така е од голема важност и за вашето здравје и за здравјето на бебето.
Доколку бремената има отежнато дишење, сува надразнителна кашлица можете да направи влажнење на воздухот по природен пат со поставување на сад со вода на радијаторите во просторијата, и на тој начин да помогне во разредување на секретот и да направи ослободување на протокот на воздухот на дишните патишта. Влажната слузокожа на носот не штити од вируси, за разлика од сувиот воздух кој придонесува кон појава на иритации и интекфии.
Исто така може да помогне испирање на грло со помош на домашен солен раствор кој се прави на тој начин што во една чаша се става топла вода и една лажичка сол. За да се зголеми ефектот во испирањето на грлото може да се додаде и малку сок од лимон. Со ова може да се прави гаргара неколку пати во текот на денот.
Подготвил: Наташа Кондоска, аптека „Мента фарм“, Прилеп