Медицински совет
Ако сакате да се грижите за здравјето на вашето срце, треба да откриете која храна ја избегнуваат врвните кардиолози во 99 отсто од времето. Иако ниту една од овие намирници нема да ве убие ако се јаде одвреме-навреме, кардиолозите велат дека тоа е храна што никогаш или многу ретко треба да се јаде.
Црн дроб: Ако спаѓате во категоријата на луѓе што не сакаат црн дроб, имате среќа. Д-р Елинор Левин, кардиолог на универзитетот „Стенфорд“, вели дека никогаш не јаде црн дроб.
– Црниот дроб е црвено месо со екстремно висока содржина на маснотии. Јас генерално избегнувам црвено месо, бидејќи е богато со заситени масти и трансмасти, а освен што се лоши за срцето, заситените масти можат да предизвикаат остеопороза. Црниот дроб е особено лош, бидејќи тоа е орган што ги филтрира токсините, така што сите токсини обично седат таму – рече Левин.
Колбаси: Елизабет Клодас, кардиолог од Минеаполис, вели дека ги избегнува колбасите за појадок по секоја цена.
– Тие се богати со натриум и богат извор на заситени масти, кои ги зголемуваат отчитувањата на холестеролот – додава таа.
Клодас истакнува дека сите преработки од месо, вклучувајќи ги и колбасите, шунката и сланината, се класифицирани како канцерогени од Светската здравствена организација. Ниту сланина, ниту колбас во сендвич за појадок не се добра идеја, особено наутро, кога стомакот е празен.