Вечерва, со почеток во 20 часот, во центарот за култура „Кочо Рацин“во Кичево, премиерно ќе биде изведена драмската претстава „Последна реплика“, по текст на Габор Георге, во режија на Михајло Петрески.
– Станува збор за лесна комедија, која е брзо прифатлива од гледачите. Во претставата главните улоги ги толкуваат Весна Гаврилоска (мајката), Ристе Ѓорѓиевски (синот) и вештачката интелегенција. Според сценариото, во претставата актерот подготвува драмска претстава во која најпрво му помага вештачката интелегенција, а потоа и мајката – истакна режисерот Петрески.
Тој посочи дека поради долгиот период без драмска претстава во Кичево „Последната реплика“ ќе се одигра репризно и утре.
– Претставата ќе биде одиграна и во други градови во земјава во текот на есента. Поради типот на претставата, размислуваме да ја одиграме и во некои угостителски објекти во Кичево, како кабаретска претстава – додаде Петрески.
Музиката за претставата и плакатот се на Виктор Гаврилоски. З.А.