Вкупно 32 младинци ќе добијат поддршка бесплатно да учествуваат на работилници на филмски фестивали, во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој го организира мрежата на филмски фестивали и организации „Еду катс“ (Edu Cuts).
На повикот беа пријавени 40 младинци, од кои 33 девојки и седум момчиња, меѓу кои 16 од Македонија, 15 од Босна и Херцеговина, пет од Србија, по двајца од Црна Гора и од Албанија. Поголемиот број од пријавените (33) се средношколци, а седуммина се студенти. Осумте младинци што не беа поддржани не добија потврда дека се примени да учествуваат на филмски фестивали.
На отворениот повик за мобилност, патните трошоци за учество на Младинскиот филмски фестивал во Сараево ќе бидат покриени за 24 младинци, од кои 12 се од Босна и Херцеговина, осум од Македонија и четири од Србија. Уште седум учесници се поддржани да патуваат во Ужице, Србија, на работилницата „Тин док“, во рамките на филмскиот фестивал за документарни филмови „Интеракција“. На оваа работилница ќе одат по два учесника од Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија и еден учесник од Црна Гора.
„Култура и креативност за Западен Балкан“ е финансиран од Европската Унија и поддржан од Британскиот совет, за да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социоекономско влијание.
Mрежата на филмски фестивали и организации „Еду катс“, мотивирана од големиот интерес, продолжува со поддршката за младите таленти од Западен Балкан.