По настапот на „Детска евровизија“
Со топли прегратки, извикување на нејзиното име и силен аплауз беше пречекана Тамара Грујеска од своите соученици и сите вработени во нашето училиште по настапот на „Детската евровизија“ во Ница, Франција.
Тамара изминатиот викенд ја претставуваше нашата земја на јуниорската „Евровизија“, со песната „Кажи ми, кажи ми кој“, на авторите: Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Коста Петров. Таа имаше одличен настап и сите ние се гордееме со неа.
Оваа вест беше објавена на веб-страницата на ООУ „Гоце Делчев“ во Гостивар.
На Тамара ѝ посакуваме уште многу успеси во иднина!