ОУ „Климент Охридски“ од Прилеп годинава првпат ја доби наградата „Е-твининг училиште“, откако ги исполни критериумите во двете фази на оценување на апликацијата.
Со ознаката „Е-твининг“ се препознаваат и оценуваат вклученоста и посветеноста, не само на поединечни наставници туку и на целото училиште.
– Нашите наставници беа вклучени во повеќе проекти на европско ниво, како и настани за професионален развој, а наставничките Фросина Ацевска и Катерина Кумпаниоска-Настоска беа наградени и со европска ознака за квалитет за проектите „Рацете на светот: можете ли да видите што велиме“ (Hands of The World Can You SEE What We SAY) и „Забавен дизајн на маски“ (Fun Mask Design) – велат од училиштето.
На европско ниво, биле наградени 2.935 училишта, од кои вкупно девет се од нашата земја. Ка.М.