Меѓународни успеси
На Европското првенство во хипхоп во Жнин, Полска, кое се одржа кон крајот на јуни, Македонија ја претставуваа две учеснички – Мила Србиноска и Магдалена Ѓоргијовска, кои се дел од танцовото студио „Брејк а лег“. На овој престижен танцов турнир на кој учествуваа околу 2.000 танчари од целиот свет, Мила Србиноска го освои трето место во јуниорска категорија, во силна конкуренција од 48 натпреварувачки. Македонија доби бронзен медал благодарение на одличниот настап на Мила, која гордо го вееше македонското знаме во Полска.
– Многу се радувам за освоеното трето место и за освоениот бронзен медал на Европското првенство во хипхоп-танци. Оваа победа ми значи многу, пред сѐ затоа што ова е еден од најпрестижните натпревари во хипхоп, но и што ја оправдав довербата од целата екипа на „Брејк а лег“. Конкуренцијата Дбеше многу силна и затоа овој успех ми значи уште повеќе. Се надевам дека до крајот на Европското првенство заедно со Магдалена Ѓоргијовска ќе постигнеме уште поголеми успеси, со што ќе ја претставиме Македонија во најдобро светло – вели Мила Србиноска.
Нашите претставнички на Европското првенство се натпреваруваа и во неколку други различни категории. Магдалена Ѓоргијовска во категориите хипхоп и поппинг соло, како и во дуо со Мила Србиноска.