Фотовест
Во струшкото село Подгорци, бабата и дедото на четвртоодделенецот Давид Кукунешоски имаат зеленчукова и овошна градина. Наесен за берба стасуваат најголем број од засадените култури, па Давид од Охрид отпатува во Подгорци да помогне во собирање на есенскиот род.
Покрај пиперките, морковите, зелката, но и јаболката и оревите, на Давид посебен впечаток му остави една огромна тиква огреана од октомвриското сонце. Со помош на дедо му Стојан, тие ја пренесоа тиквата од градината и измерија дека тежи дури триесет килограми.
Премногу е тешка за да ја понесе за Охрид, но Давид им вети на баба си и дедо си дека ќе дојде да се нагости од неа, штом тие ќе одлучат да ја испечат.
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
































