Етика за млади

За секој човек е најважно да постапува вистински човечно во животот, да има добри особини и да прави добри дела. Тоа значи дека секој треба да биде морален.
Секоја епоха има свои етички поуки и барања и за секоја функција има соодветни морални норми. Во нив се препознава човештината и тие ја претставуваат силата на опстојувањето. За време на голема сиромаштија или катастрофа, луѓето си помагаат едни на други и така треба да биде секогаш. Денес сите се загрижени за опстанокот на природата и мислат дека треба да се однесуваат еколошки, со грижа и за природата и за живите суштества во неа.
Кога има тешкотии, најважно е да се истрае и да се поправат работите. Секогаш треба да се чувствува и да се прави нешто позитивно, што ќе биде добар модел за другите. Моралот значи дека луѓето живеат достојно, оти имаат добри цели и дека остваруваат вистински вредности. Со тоа тие даваат основен придонес кон заедницата. Најважно е да се има позитивен став, а да се избегнува негативниот однос кон животот. И кога ситуацијата е тешка, токму позитивниот однос е услов за живеење и за прогрес.
Позитивен однос значи на животот да се гледа со радост, со согледување на добрите страни, со истакнување на добрината и на убавината. Тоа значи со насмевка на лицето кон другите да се однесуваме со почит, со заинтересираност. Другите да ги прифаќаме како рамноправни и ближни. Позитивниот однос има бела боја.
Негативниот однос, пак, значи да се негира вредноста на животот, да се истакнуваат неговите лоши страни, да се отфрла можноста за среќа, да се сомневате во себе и во можностите за добросостојба. Да не се прави ништо добро, ни за себе ни за другите. Бојата на негативниот однос е црна.
Поговорки за позитивниот однос: Сѐ е добро, а може да биде и подобро. И утре е ден, што нѐ очекува со својата светлина да ни понуди радост. По зима, доаѓа пролет, по тагата радост. По поразот, доаѓаат победи…
Поговорки за негативниот однос: Ништо не е добро и не може да биде подобро, денот секогаш брзо поминува и доаѓа долга црна ноќ, по радоста на летото доаѓа студот и зимата, по секоја победа доаѓа пораз…
Позитивниот однос и денес, како и секогаш е поважен и пооправдан од негативниот.