Триесет ученици од осум училишта неодамна учествуваа на деветтата детска поетска манифестација „Пишуваме и твориме на српски јазик“ („Пишемо и стварамо на српском језику“), која се одржа во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“, во манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во Лешок. Тие пишуваа и читаа стихови на српски јазик, на тема за детството („Своје детињство у стихове стави“). Гостин беше поетот за деца и млади Срѓан Срѓа Живковиќ.
На крајот учениците добија признанија , како и книги и списанија, од директорот на Управата за унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците Милутин Станчиќ.