Ученици од ОУ „Рампо Левката“ од Прилеп порачаа

Со садење цвеќиња во училишниот двор, учениците од прво до трето одделение од ОУ „Рампо Левката“ од Прилеп го одбележаа Денот на планетата Земја, 22 април. Нивните другарчиња од четврто и од петто одделение се вклучија во акцијата засадувајќи цвеќиња во своите домови и дворни површини. Учениците, велат од училиштето на нивниот фејсбук-профил, успеале да ја донесат шареноликоста на пролетта, а истовремено им подариле нов живот на малите цвеќенца. На тој начин го честитаа Денот на планетата Земја!
Учениците од Екоодборот, пак, испратија видеопораки за поубава и почиста планета, за која, како што велат, секој од нас треба да го даде својот личен пример.
– Да ја чуваме планетата за подолго да ни трае – порачаа од Екоодборот.