Жеџијанг ја започна програмата за зелена рурална преродба во јуни 2003 година,
која планираше да реновира околу 10.000 села и да трансформира околу 1.000 централни меѓу нив во примери на умерен просперитет во сите погледи, пренесува новинската агенција „Синхуа“

Програма за заживување на руралните средини во кинескиот Жеџијанг вдахна нов живот во илјадници села и ги зајакна локалните заедници. Жеџијанг ја започна Програмата за зелена рурална преродба во јуни 2003 година, која планираше да реновира околу 10.000 села и да трансформира околу 1.000 централни меѓу нив во примери на умерен просперитет во сите погледи.
Селото Каилу во Жеџијанг порано било традиционално земјоделско село. Во текот на изминатите 20 години, во рамките на програмата за зелена рурална преродба, Каилу беше трансформирано во модел на село со прекрасни пејзажи и заеднички просперитет, особено со помош на современи технологии.

„Земјоделската машина без екипаж“ е клучен проект на платформата за паметна фарма во селото. Платформата ги следи условите на почвата, квалитетот на водата, времето и другите информации во реално време преку 5Г-мрежни апликации и користи платформи за големи податоци за да постигне интелигентно управување со обработливо земјиште.

Селото Џиангсијанг во Жеџијанг порано трошеше многу работна сила и ресурси за отстранување на ѓубрето. Во последниве години имплементацијата на научни методи за отстранување и рециклирање на ѓубрето донесе значителни подобрувања од економски и во еколошки аспект. Денес Џиангсијанг е назначено како едно од првите пилот-села за развој со ниско ниво на јаглеродна емисија во Жеџијанг.