Годинава многу глобални финансиски институции ги
зголемуваат своето присуство во Кина и инвестициите

Многу глобални финансиски институции годинава нагло ги зголемуваат инвестициите и своето присуство во Кина, бидејќи подобрените економски услови на земјата и постојаното отворање нудат повеќе можности, и покрај слабата глобална економија.
Стандардната чартер-банка во Хонгконг доби дозвола да основа фирма за хартии од вредност во кинеското копно на почетокот на годинава. Со почетна инјекција на капитал од 1,05 милијарда јуани (околу 147,36 милиони американски долари), новата компанија стана првата новоодобрена фирма за хартии од вредност во целосно странска сопственост откако Кина ги укина ограничувањата за странска сопственост во секторот во 2020 година.
– Ние сме големи оптимисти за среднорочните и долгорочните развојни перспективи на Кина и со нетрпение ги очекуваме широките можности предизвикани од континуираното отворање на Кина – рече Џанг Ксијаолеи, извршен потпретседател и главен извршен директор на банката.
Стандардната чартер-банка не е единствената странска институција што се бори да истражува нови можности на кинеската берза.
Кинеската регулаторна комисија за хартии од вредност годинава даде зелено светло за основање седум компании за хартии од вредност, фјучерси и фондови под странска контрола или целосно во странска сопственост. Вкупната бројка од 2020 година порасна на 20.
Во однос на банкарскиот сектор, на кинеското заедничко вложување на „Мастеркард“ неодамна му беше дозволено да врши операции за користење на банкарски картички. „Мастеркард нетс“ од Пекинг може да ги овласти своите институции членки да издаваат во Кина банкарски картички „мастеркард“ во јуани.
Тоа одобрение ја направи „Мастеркард“ втора институција за користење банкарски картички во странство што влезе на кинескиот пазар по „Американ експрес“ во 2020 година.
– Кина е еден од нашите најважни пазари. Задоволни сме што ја достигнавме оваа пресвртница – рече Мајкл Мибах, извршен директор на „Мастеркард“, додавајќи дека подлабокото учество на „Мастеркард“ на кинескиот пазар ќе биде од корист за земјата, нејзините потрошувачи и нејзините бизниси.
Официјалните податоци покажаа дека во првите три квартали од годинава инјектирањето или зголемувањето на капиталот од банките финансирани од странство во Кина изнесуваше еквивалент на 1,96 милијарда јуани. Во меѓувреме, две банки основаа нови филијали, а шест пуштија во употреба нови деловни места.
Кина ги интензивира чекорите за промовирање високо ниво на финансиско отворање во последниве години, со воведени повеќе од 50 конкретни мерки, вклучувајќи и дозволување на глобалните инвеститори да вложуваат на кинескиот пазар на капитал преку повеќе канали и укинување на сопственичките ограничувања за странски институции за хартии од вредност, фјучерси и средства.