Фото: ЕПА

Поместувања на глобалниот пазар на електрични автомобили

Неодамна беа објавени податоците за најголемите светски производители на електрични автомобили во третиот квартал од годинава. За обележување е податокот дека меѓу досега неприкосновените „Тесла“ и „Фолксваген“, сега на врвот се најде уште едно име на производител што ја наметнува својата кандидатура за најголем светски производител.
Имено, кинескиот БИД (BYD) се проби меѓу нив, забележувајќи во третиот квартал од годинава огромен раст од 67 отсто и моментално 431.603 продадени единици. Тоа е само 3.456 автомобили помалку од „Тесла“, па сè укажува дека крајот на годината ќе донесе големо изненадување.
На годишна основа, „Тесла“ сè уште е во значително водство пред БИД со 1.324.074 (+46 отсто) продадени единици наспроти 1.048.413 (+80 отсто) на БИД. Трета е групацијата „Фолксваген“, која има 530.485 продадени примероци и годишен раст од 45 отсто.