Во Таијуан, главниот град на провинцијата Шанкси, во северна Кина, деновиве беше отворен музеј со мурали што датираат од пред околу 1.500 години, од времето на династијата Северни Чи (550-557). Музејот е лоциран во селото Вангдијафенг, во округот Џингзе, а бил изграден врз основа на археолошки откритија во гробницата на оваа династија, прва од ваков вид во Кина.
Гробницата на Ксу Ксијангсју, висок функционер од тоа време, ги има, како што се верува, најдобро зачуваните мурали од периодот на Северниот Чи, со површина од повеќе од 300 квадратни метри.
– Муралите вклучуваат слики што го прикажуваат животот на Ксу и неговата сопруга, како што се сцени од банкети и излети, кои не само што покажуваат највисоко ниво на уметничка вештина во текот на ерата туку даваат и увид во луксузниот начин на живот на благородништвото на династијата – изјави за јавноста Ванг Џијанг, кустос на музејот.
За да се обезбеди автентичноста и да не дојде до оштетување, гробницата е запечатена со контролирана температура и влажност во музејот и посетителите можат да уживаат во муралите со помош на технологијата за виртуелна реалност (ВР.
– Музејот ги усвои науката и технологијата за да ги заштити културните реликвии и подобро да ги задоволи културните потреби на посетителите – рече Ванг.
Некои мурали откриени во гробниците на доцната Северна династија (439-581) во провинцијата се исто така изложени во музејот.