Фото: ЕПА

Кинеските научници отидоа чекор напред во борбата против ракот на растенијата

Кинеските истражувачи развија нов биофунгицид за борба против болеста гниење на коренот во одгледувањето Astragalus membranaceus, попозната како корен Huangqi или Astragalus, се наведува во напис објавен во Журналот за хемиско инженерство.
– Биофунгицидот може да ја потисне болеста на гниењето на коренот и да го промовира метаболизмот на растот на Astragalus membranaceus – рече Гао Венјуан, професор на Факултетот за фармацевтска наука и технологија на универзитетот „Тијанџин“, кој го предводеше истражувачкиот тим.
Болеста на гниење на коренот е вид на рак на растенијата и честа болест во областите за садење кинески лековити билки, предизвикана од комплекс на патогени габи. Таа претставува значителна закана за одгледувањето на Astragalus membranaceus.
Механистичките студии открија дека овој нов биофунгицид го врши своето антифунгално дејство со инхибиција на гените за раст на Fusarium oxysporum, стимулирање на производството на антифунгални соединенија во Astragalus membranaceu и активирање на неговите гени за отпорност.
– Овој биофунгицид е ефикасен како и моментално достапните пестициди, но цената е помала и е поеколошки – рече Гао, додавајќи дека има голем потенцијал како алтернатива на традиционалните пестициди и има огромни примени во заштитата на растенијата.
Истражувачите планираат дополнително да ги оптимизираат трошоците и да промовираат широка примена во иднина.