Кои земји имаат најмногу странци меѓу нивните затворски популации? Според податоците на Глобалниот брифинг за затвори, 100 проценти од затворениците зад решетки во малото кнежество Монако се странци. Објаснувањето за таа навидум неверојатна бројка е дека Моначаните се всушност малцинско население во сопствената земја, кое претставува само 21,6 отсто од вкупно 38.400 жители во 2015 година.
Трендот е генерално сличен во помалите земји со големо странско население, па Андора и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се наоѓаат на второто и на третото место, со 88,5 и 87,8 отсто удел на странците во нивните затворски популации.
За споредба, само 5,5 проценти од затворското население во САД се странци.