„Тојота“ ќе започне со интегрирање напредна технологија од полето на вештачката интелигенција во своите патнички автомобили од 2020 година. Наедно го претстави системот на работа во својот нов автомобил на мотошоуто во Токио. Автомобилот „концепт-и“ со четири седишта може да ги процени благосостојбата на својот патник, расположението и личните преференции и да го приспособи начинот на работа за подобро да му одговара на патникот. Тоа го прави преку следење и мерење на телото на возачот, тонот на говорот, како и со извлекување заклучоци по надгледувањето на објавите на социјалните медиуми и стилот на возење.

Потоа се обидува да влијае на расположението на возачот со влијаење на неговите сетила. На пример, ако возачот е вознемирен, може да испумпа одреден парфем во кабината или да ги смени боите на внатрешноста во релаксирачки нијанси, да го загрее или лади седиштето или да започне разговор за да го смири возачот. Според „Тојота“, способноста на автомобилот да реагира на однесувањето на возачот може да помогне во намалувањето на заморот и подобрување на целокупната благосостојба. Брендот планира да ги тестира системите за употреба во производствените автомобили од почетокот на следната деценија. Тоа укажува дека технологијата би можела да се појави на пазарот во наредните години. Официјалните претставници на „Тојота“ велат дека технологијата што користи вештачката интелигенција за „концепт-и“ ќе има 300 километри возење со едно полнење на батеријата. Иако оваа бројка ќе биде поголема кога автомобилот ќе биде пуштен во продукција, велат од компанијата.

Извештаите покажуваат дека првиот бран нови електрични автомобили „тојота“ ќе биде модифицирана верзија на „Ц-ХР- СУВ“, која ќе се продава на кинескиот пазар за да се исполнат новите кинески автомобилски регулативи. Сепак, развиена платформа од „Тојота“ планира да ги надмине сите електрични модели по 2020 година и ќе се обиде да го заземе пазарот. Иако критичарите ги обвинија дека бавно се појавуваат на пазарот со овој тип возила, шефот на „Тојота“, Акио Тоода, се обврза да лансира првични концепти на електрични автомобили до 2020-та од типот на мини-возила, патнички возила и лесни камиони. Шефот за истражување и развој Киотака Исе вели дека првичните фамилијарни патнички автомобили на „Тојота“ ќе се појават по 2020 година, кои се во иста временска рамка со плановите на „Фолксваген“ за лансирање на семејниот ИД-автомобил.

Делумно, овој потег на автомобилските фирми што планираат производство на електрични автомобили е принуден од плановите на кинеската влада, која сака да го спречи загадувањето на воздухот. Со таа цел сакаат да ги постават квотите за продажба на електричните автомобили што производителите мора да ги постигнат, а ваквиот вид на автомобили да станат доминантни. Со тоа „Тојота“, за да ги постигне целите од лансирање првични модели до 2019 година, ќе ја лансира видоизменетата верзија на автомобилот „ЦХ-Р“, која ќе биде направена во соработка со автомобилските фирми „Мазда“ и „Денсо“.

– Ние работиме со електрични мотори, инвертери и батерии повеќе од 20 години. Имаме 20-годишно искуство и нашата компанија претставува лидер во хибридната технологија. Доказ се повеќе од 11 милиони продадени автомобили „приус“. Ние немаме за што да се грижиме. Нашата технологија е веќе развиена. Основната технологија е иста – вели шефот за истражување и развој Киотака Исе.