Здрава храна
Протеините се многу важни за нашето тело, а најмногу ни се потребни за градење и одржување на мускулната маса. Доколку сте на режим на исхрана и сакате да ослабите, се препорачува намалено внесување јаглехидрати и зголемено внесување протеини. Многу луѓе веруваат дека ако не тренираат и не сакаат да градат мускулна маса, не треба да консумираат големо количество протеини. Поради тоа мислење, тие често не ги консумираат ниту основните потреби од протеини за секојдневното функционирање на организмот.
За почеток, секогаш фокусирајте се на примарниот извор на протеини, кој се однесува на месото, рибата, јајцата и млечните производи како што е урдата. Обидете се да избегнувате помрсно месо, за да не внесувате повеќе калории преку мастите. Исто така, неопходно е да се зголеми количеството храна богата со протеини. Обидете се да имате извор на протеини во првиот оброк. Откако ќе станете, почнете да јадете протеини, бидејќи подоцна ќе ви биде потешко да ги надоместите. Користете протеини од сурутка, дури и ако немате никаква физичка активност. Протеинот од сурутка се препорачува за лицата што генерално внесуваат малку протеини, како што се лицата што не консумираат месо, риба или млечни производи.
За десерти изберете протеински пудинзи или некои слатки кашести сокови. Тие може да бидат малку покалорични во споредба со стандардните слатки, но составот на производот не е ист, па овие намирници се подобар избор за вашето тело. И конечно, пред да започнете со приготвување на оброкот, испланирајте колку протеини и јаглехидрати има во него. На тој начин ќе можете да контролирате дали внесувате доволно протеини и да го намалите внесувањето јаглехидрати.