Здрава храна

Кога земате залак од вашата омилена храна или голтка од вашиот омилен пијалак, вашето тело почнува да работи на претворање на тие супстанции во употреблива енергија. Како што објаснуваат експертите, хемиските процеси што овозможуваат претворање на храната во енергија се случуваат благодарение на вашиот метаболизам.
За ова речиси секогаш се дискутира кога станува збор за темите за губење на тежината или регулирање на телесната тежина, бидејќи побавниот метаболизам согорува помалку калории, а побрзиот согорува повеќе.
Постојат многу фактори што влијаат на состојбата на метаболизмот, вклучувајќи ги квалитетот и квантитетот на спиењето, вежбањето, нивото на стрес и исхраната. Исто така, како прв и најважен оброк во денот, појадокот е особено одговорен за започнување на метаболизмот.
Диететичарите велат дека постојат одредени утрински навики што го забавуваат нашиот метаболизам, а ние воопшто не сме свесни за тоа, пишува „Ит дис, нот дет“. Такви се следните навики: внесување премалку протеини, прескокнување на појадокот, појадок сиромашен со хранливи материи, консумација на храна богата со рафиниран шеќер, недоволно внесување вода и исклучива консумација на јаглехидрати.