Домување

Дизајнерка на ентериер од студиото „Вајб интериорс“, која е многу популарна на Тикток, објави видео во кое објаснува кои, според неа, се трите најлоши тренда за внатрешно уредување во 2022 година.
Кауч со пердуви: Прво, таа вели дека каучите со пердуви мора да излезат од нашите домови. Таа објаснува дека овие каучи тешко се одржуваат, бидејќи, без разлика на сѐ, на крајот изгледаат млитаво и безоблично.
Натписи како декор: Потоа, дизајнерката нагласува дека не треба да се користи декор со зборови како „живеј, смеј се, сакај“.
Целосно бела кујна: И конечно, целосно белата кујна се најде на нејзината листа на непожелни трендови за уредување на домот.
Јас и самата сум виновна бидејќи имам бела кујна, но чувствувам дека е време да ги зачинам работите и да додадам малку боја – вели таа.