Тоа е повеќе од половина од сумата регистрирана од интерактивната страница на британскиот дневен весник „Гардијан“ за целиот летен преоден рок лани во петте најсилни домашни првенства во Европа, а рекордна е 2019 година, со 5,25 милијарди фунти

Трансфер-сумите вложени во летниот преоден рок годинава за фудбалери во петте најсилни домашни првенства во Европа достигнале 2,2 милијарди фунти, за 582 трансфери, според интерактивната страница на британскиот дневен весник „Гардијан“.
Тоа е речиси половина од сумата регистрирана од тој весник за целиот летен преоден рок во минатата година во Англија (Премиер-лига), Германија (Бундеслига), Франција (Лига 1), Шпанија (Ла лига) и во Италија (Серија А), тогаш 4,1 милијарди фунти за 1.727 трансфери.
Исто така, годинашната досегашна сума вложена за трансфери на фудбалери е речиси како во летниот преоден рок во 2021 година, тогаш вкупно 2,66 милијарди фунти за 1.555 трансфери. Една година претходно биле вложени три милијарди фунти за 1.422 трансфери, во 2019 година, пред почетокот на пандемијата на коронавирусот следната година, „Гардијан“ забележал 1.932 трансфери во летниот преоден рок со вкупна вредност од 5,25 милијарди фунти, во петте најсилни лиги во Европа, во 2018 година 4,03 милијарди фунти, во 2017-та 4,07 милијарди фунти… Н.М.