Животни

Кучињата чувари имаат вроден нагон за заштита и одбрана, без разлика дали тоа е нивниот сопственик или имот. Иако е одлично да се има лојално, посветено и заштитнички настроено куче, треба да знаете дека тоа претставува и поголема одговорност на сопственикот кон таквото куче. На кучињата со генетска предиспозиција да бидат добри чувари им треба сопственик со искуство и знаење.
Белгиски овчар: Белгискиот овчар се смета за елита на работните раси на кучиња, па не е ни чудо што е избран да ѝ помага на американската морнарица. Тие се познати по нивната висока интелигенција и извонредната атлетска градба. Заштитничката предиспозиција на белгискиот овчар ја претставува способноста да ги заштити своето семејство и домот.
Доберман: Доберманите се одлични чувари, кои секогаш го предупредуваат семејството ако се случува нешто ново и секогаш се подготвени да ги заштитат своите сопственици. Иако се бестрашни пред непријателот, тие се многу лојални и пријателски настроени кон своето семејство. Доберманите, особено во Европа, често се користат во воени и полициски единици.
Кане корсо: Оваа раса потекнува од воени кучиња, за да се развие во раса што има повеќе улоги – чувар, ловечко куче и одлично куче на фарма. Кане корсо е самоуверено куче, кое нема да реагира премногу агресивно на странци. Сопствениците мора да имаат на ум дека оваа раса бара квалитетна дресура за да го исполни својот целосен потенцијал.
Германски овчар: Германските овчари се составен дел на полицијата, тие се совршени како кучиња спасувачи и одлични се како поддршка и помош на лицата со оштетен вид. Сепак, тие најсериозно ја сфаќаат улогата на чувар на своето семејство. Германските овчари, кучиња родени со чувство на одговорност и извонредна интелигенција, имаат потреба од опширна обука за да научат правилно да ги користат своите инстинкти и способности.