Камена плоча стара 2.800 години е изложена во Ирак, откако Италија ја вратила по речиси 40 години. Артефактот е напишан со клинесто писмо, систем на пишување на глина на древната вавилонска азбука. Италијанските власти неодамна во Болоња му го предадоа артефактот на ирачкиот претседател Абдул Латиф Рашид.
Сè уште не е јасно како е пронајдена плочата или како стигнала во Италија, каде што полицијата ја конфискувала во 1980-тите години. Ирачкиот министер за култура Ахмед Бадрани рече дека можеби е пронајдена за време на археолошките ископувања на браната Мосул, која била изградена во тоа време.
Ирак често се опишува како лулка на цивилизацијата, а меѓу другото е познат и по првото писмо во светот.
Кон крајот на осмиот век, Бејт ал Хикма (Куќата на мудроста) била дом на најголемата библиотека со книги за наука, уметност, математика, медицина и филозофија. Грабежот на антиквитети во оваа земја се засили по инвазијата предводена од САД пред 20 години.
Ирачкиот претседател ја пофали Италија и рече дека ќе работи на враќање на сите археолошки делови од ирачката историја од странство.