Домување
Со вистинското знаење, имате моќ да создадете услови во вашиот дом и живот за непречен проток на одржлива животна енергија, со што ќе се обезбедат безбедност и благосостојба. Прво, би било добро генерално да го исчистите и средите домот. Но како, освен чистота и уредност, можете да го добиете максимумот од добри енергетски вибрации? Издвојуваме неколку интересни детали што може да ви помогнат.
Првиот совет е секогаш да започнувате со работа од лева кон десна страна. Преполниот простор создава проблеми во комуникацијата и произведува лоши енергетски вибрации, но и премногу празен не е добро. Секогаш треба да го усогласите просторот, бидејќи вие сте вашиот дом. Ако имате чувство дека просторот ве „форсира“, тоа значи дека треба да го усовршите и развеселите со поставување детали што ве повикуваат да останете. Просторот треба да ја разбуди желбата кај нас да се вратиме кон него.
Чувајте хималајски светилки и свеќници, кои се одлични за домот. Хималајската сол се користи против главоболки и мигрена, ја зајакнува концентрацијата, поттикнува квалитетни односи. Солта се чува во сад на подот, а може да се истури и во аглите на просторијата. Крупната морска сол ја собира негативната енергија од домот. Во стаклена тегла или сад ставете крупна морска сол и вода и оставете ја да стои.
Фенг шуи го има симболот или сликата на змеј како господар на куќата на истокот. Тоа помага со можностите за кариера. Не би требало да се најде во спалната соба.
Стаклените ѕидови и генерално големите стаклени површини се поврзуваат со природата и надворешноста, но тука е потребна голема претпазливост. Премногу стакло предизвикува замор. Сликата на старец привлекува долговечност, сликата на водопад евоцира успешна кариера, сликите со огнени бои помагаат да се поттикне угледот, додека сликата на феникс помага да се создаде широк пат во животот. Би било одлично да имате слика од виножито во домот. Тоа секогаш ги прави луѓето среќни и неговите седум убави бои значат магија, нов, поубав живот.