ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ВО САМАРКАНД, 6. КОЛО
- Вчера на ШО 2026 беше единствениот слободен ден, пред преостанатите пет кола во трката за титулите
Машката репрезентација на Македонија ја оствари четвртата победа во 6. коло на 46. Шаховска олимпијада (ШО) во Самарканд (Узбекистан), на дуелот со Либан (рангиран 92. пред ШО 2026) со 4-0. Цел поен освоија Емил Ристески (2.426 рејтинг-поени) против ИМ Акрам Ходер (2.304), ФМ Антон Златков (2.411) против Џое Асас (2.206), ИМ Тони Лазов (2.394) Адип Аркадан (2.148) и Филип Панчевски (2.422) против Али Ахмад Хазимех (1.948). По ова коло, Македонија (рангирана 56. пред ШО 2026) е на делба од 29. до 61. место со осум бода, а според дополнителниот критериум е на 36, место меѓу 206 репрезентации. Во водство со 12 бода е првата екипа на Узбекистан, пред Кина и Ерменија со по 11 бода.
Македонската женска репрезентација (рангирана 75. пред ШО) во ова коло загуби од втората селекција на Узбекистан (рангирана 43.) со 0,5-3,5. По табли, ЖФМ Моника Стојковска (2.080) загуби од ЖВМ Нилуфар Јакубаева (2.246), ФМ Моника Жежовска (1.990) го претрпе првиот пораз од ЖИМ Марјона Маликова (2.149), ЖФМ Ивана Манова (1.958) од ЖИМ Мадинабону Халилова (2.087), а Сања Трајковска (1.896) ремизира со ЖФМ Асал Салимова (2.088). Македонките се на делба од 72. до 114. место со шест бода, а според дополнителниот критериум на 91, место, од вкупно 190 селекции. Во водство со максимални 12 бода се Кина (20,5) и Казахстан (18,5).
Вчера беше единствениот слободен ден на ШО 2026, а денеска во 7. коло, машката селекција игра со Израел (рангиран 22.), а женската со Јапонија (рангирана 112.).
На половина од турнирот, најуспешни кај македонските шахисти се Златков и Панчевски, со по 4,5 поени од шест партии. Три поени од четири можни има Лазов, а Николовски и Ристески по 2,5 поени, но првиот од три, а вториот од пет партии. Кај шахистките засега најуспешна е Жежовска со четири поени од шест партии и освоени нови 23,6 рејтинг-поени. Стојковска и Трајковска имаат по 2,5 од пет можни, а Петровска два од три партии. Г.И.































