Домување
Некои од највалканите предмети во кујната не се мијалникот или корпата за отпадоци, туку работите што ги допираме секој ден. Редовното миење и дезинфекција на овие предмети значително го намалуваат ризикот од ширење бактерии. Сунѓерите, кујнските крпи и штиците за сечење, содржат голем број бактерии ако не се одржуваат правилно.
Многумина веруваат дека кујната е најчистата соба во домот, но таму се кријат некои од најголемите жаришта на бактерии. Предметите што ги користиме секој ден често се занемаруваат за време на чистењето, иако можат да акумулираат опасни микроорганизми. Експертите предупредуваат дека редовното одржување на овие места може значително да го намали ризикот од ширење бактерии и вируси.
1. Сунѓер за миење садови – Менувајте го на секои седум до 14 дена. Дезинфицирајте го редовно со потопување во оцет, миење во машина за садови или загрејте го во микробранова печка (внимавајте темелно да го навлажнете пред да започнете за да избегнете пожар).
2. Кујнски крпи – Често користиме кујнски крпи за бришење раце, сушење садови и чистење на работните површини, поради што тие брзо стануваат место за размножување бактерии. Истражувањата покажуваат дека микроорганизмите се наоѓаат на повеќе од 90 проценти од кујнските крпи. Менувајте ги секој ден, особено по контакт со сурово месо. Перете ги на минимум 60 степени и избегнувајте омекнувач за алишта, бидејќи може да ја намали апсорпцијата. По перењето, добро исушете ги.
3. Штици за сечење – Иако ги переме по секоја употреба, засеците што ги остава ножот можат да содржат бактерии, особено по сечење сурово месо. Затоа, постои ризик од контаминација. Користете посебна штица за месото и посебна за зеленчук. Измијте ги со топла вода и детергент, а пластичните заменете ги штом ќе се појават длабоки засеци.


































