Медицински совет

Истражувањата покажаа дека на возрасните луѓе им се потребни седум и повеќе часа сон. Исто така, има неколку напитоци што можат да го подобрат квалитетот на пиењето. Голем број луѓе тврдат дека млекото им помага да се ослободат од стрес. Тоа е одличен извор на есенцијални аминокиселини. Исто така, протеинот казеин ви помага подолго да се чувствувате сити. Млекото содржи и триптофан, кој го регулира сонот, пренесува порталот „Ит дис, нот дет“.

Камилицата со векови се консумира како природен лек за снижување на шеќерот во крвта, за лекување на симптомите на настинката и како помош при недостиг од сон. Поради тоа, пијте чај од камилица доколку се борите против несоница. Сокот од цреши има многу здравствени предности, како што се јакнење на имунитетот и подобрување на кондицијата. Неговите ефекти се слични на оние што ги предизвикува млекото, бидејќи содржи големи количества мелатонин, наречен триптофан, кој го регулира сонот.

– Пиењето сок од цреша го зголемува производството на мелатонин во телото. Поради тоа помалку ќе се будите во текот на ноќта – вели д-р Тоби Амидор.
Лавандата првобитно се користела како облик на ароматерапија, а сега служи како средство за смирување. Помага кај депресијата и го намалува заморот, особено кај родилките. Се разбира, има добри ефекти на квалитетот на сонот.