Драги деца, во годината кога „Колибри“ го одбележува својот 65-ти роденден одлучивме на креативен начин да ве вклучиме и вас во прославата.
До 15 јуни испраќајте ни ликовни и литературни творби на темата: „Херојот по кого мојата улица го добила името“. Се разбира, најдобрите три раскази или песни и најдобрите три цртежи ќе ги наградиме со книги, повеќе за деталите во следните броеви и, секако, ќе ги објавиме во „Колибри“.
Вашите творби испраќајте ги по електронски пат на адресата:

[email protected]

Со нетрпение ги очекуваме и им се радуваме!
Ве сака вашиот пријател и верен сопатник „Колибри“.