Животни

Белиот швајцарски овчар е елегантно, мускулесто и отмено снежно бело куче. Се верува дека потекнува од германскиот овчар со ген за боја на бело крзно што се сметало за дефект кај германскиот овчар.
Иако белите германски овчари се познати во Европа од 1882 година, во 1933 година стандардот на расата беше променет во нивната родна Германија, со што се забрани регистрација на бели кучиња.
Имено, кога Хитлер дошол на власт, нивното одгледување и чување било забрането, а објаснувањето било дека оваа раса го уништува традиционалниот германски овчар, бидејќи белата боја е дефект. Оваа драстична мерка доведе до исчезнување на белиот овчар во Европа. Сепак, благодарение на љубителите на оваа раса во Америка, таа е зачувана до денес.
На крајот на 70-тите години, овие кучиња се вратија во Европа преку Швајцарија. Тогаш расата беше признаена во 1991 година од страна на Меѓународниот кинолошки сојуз, а денес е многу популарна.
Оваа раса се нарекува и бергер блан свис, германски бел овчар, американски бел овчар, канадски бел овчар и бел овчар.