На Летните олимписки игри, на Специјалната олимпијада во Абу Даби 2019 (од 14 до 21 март), младиот Ардијан Шабани, предводен од тренерот Ифраим Лута, освои два медала за Македонија во атлетика, сребрен на 25 и бронзен на 50 метри.

На овие игри македонската делегацијата има 26 члена и учествува во три спортски дисциплини, во пливање, атлетика, јунифајд кошарка, и ревијално во танцување.
Претходно две злата за Македонија во Абу Даби, освоија Марио Мицковски и Стефан Трпковски, во пливање на 50 метри слободно.

Игрите на Специјалната олимпијада 2019, први од ваков вид на Блискиот Исток, се најголемиот спортски настан со хуманитарен карактер годинава во светот. На Игрите учествуваат над 7.000 спортисти од 190 држави, во 24 спорта. Натпреварувачите ги подготвувале над 2.500 тренери, а за да минат Игрите во најдобар ред се грижат и над 20.000 волонтери.