Најпопуларните раси на кучиња во 2021 година

Понекогаш луѓето сакаат да знаат кои раси се популарни. На листата на најпопуларни раси за годинава се и мешаните раси, бидејќи е зголемен бројот на посвојувања.
Француски булдог: Американскиот кинолошки клуб ја опишува оваа раса како шармантна. Тие се слатки и приврзани и хит во секое семејство.
Лабрадор: Лабрадорите се на списокот речиси 30 години. Познато е дека расата е лојална и приврзана. Тие се пријателски расположени и лесни за тренирање.
Кокер шпаниел: Сакаат да си играат со деца. Тие треба да се негуваат повеќе од некои други раси, но поради нивната големина можете да бидете со нив речиси секаде, па тие да бидат ваши постојани придружници во сите авантури.
Ротвајлер: Ротвајлерите се неверојатни чувари со златно срце. Тие се послушни и многу лојални миленичиња, а сакаат и да се гушкаат.
Џек расел териер: Овие кученца имаат силна личност. Тие се брзи, љубопитни и сакаат да се поврзуваат со луѓе.
Бигл: Семејствата ги сакаат затоа што се пријателски расположени и ориентирани кон семејството, но им треба поактивен начин на живот и поголема грижа.
Мешани раси: Во 2021 година продолжи трендот на зголемен број удомувања. Кога ќе посвоите куче од улица или од засолниште, ќе добиете многу посебно суштество, кое ќе ви биде благодарно до крајот на животот што му ја отворивте вратата од вашиот дом.